Top Sport

Ибрахимовиќ: Милан не беше ваков во минатото

Златан Ибрахимовиќ, најголемата ѕвезда на Милан, го „нападнал“ извршниот директор на клубот Иван Газидис. Газидис по долго време се појавил во клубот и веднаш најавил намалување на платите.

Фудбалерите на Милан во првиот меч по ре-стартот на сезоната ќе гостуваат кај Јувентус во Купот на Италија. Натпреварот ќе се одигра во петок.

„Беше толку долго отсутен и сега се појавуваш 48 часа пред полу-финалето?“, прашал Ибрахимовиќ и дополнил.

„Ова не е мојот Милан, клубот не беше ваков во минатото, се случуваат многу нелогични работи“.

На критиките од Ибрахимовиќ Газидис кратко одговорил.

„Да вистина е, Милан според успесите и финансиите не е она што беше во минатото“.

Иван Газдис на фудбалерите треба да им го претстави планот според кој платте за април ќе им бидат намалени за 50 отсто.

Scroll to Top