Top Sport

Тебас: Можам да ја замислам Ла Лига без Барселона и Еспањол

 

Хавиер Тебас првиот човек на Ла Лига вели дека лесно може да го замисли првенството без Барселона и Еспањол, доколку зовриените страсти во Шпанија резултираат со отцепување на каталонија.

„Како лига многу ќе загубиме, но не би имале премногу проблеми да се опоравиме од тоа. Доколку и ако воопшто се случи независноста да биде прогласена во текот на сезоната, тогаш тоа ќе мора да го анализираме. Мислам дека сезонава лигата тече регуларно, иако не сум целосно сигурен во тоа“, рекол Тебас.

Доколку независноста биде прогласена , Тебас рекол дека ќе сака да го слушне мислењето на каталонските тимови.

„Ла Лига не е створена со договор на клубовите, шпанските закони велат дека лигата мора да биде составена од професионални тимови кои играат во националните натпреварувања и дека во нив можат да се натпреваруваат клубови кои се под надзор на Фудбалскиот сојуз на Шпанија. Како ова ќе влијае на независноста? Ќе видиме кога ќе биде донесена декларацијата за независност“, рекол Тебас, кој пред само неколку месеци изјави дека не може да ја замисли Ла Лига без Барселона и Еспањол.

Првиот човек на Ла Лига рекол дека повеќе го загрижуваат свирежите кон шпанската химна отколку кон Џерад Пике, како и улогата на каталонските тимови по прашање на независноста.

„Мораме да почекаме и да видиме каква ќе биде позицијата на Каталонската фудбалска федерација. Доколку сакаат да излезат од Шпанија, тогаш би биле надвор од државните натпреварувања“, заклучил Тебас.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top