Top Sport

Ван Дајк ќе ја има највисоката плата во Ливерпул

Вториот најскап дефанзивец во историјата на фудбалот Вирџил ван Дајк нема намера да го напушта Ливерпул. Холанѓанецот, според англиските медиуми, одбил богата понуда од ПСЖ.

Ван Дајк во 2018 година за тогаш рекордна сума од 80 милиони евра од Саутемптон се пресели во Ливерпул. Рекордот за најскап дефанзивец подоцна му го урна Хари Мегваер кој за 85 милиони евра стана играч на Манчестер Јунајтед.

Ван Дајк е еден од најзаслужните играчи за успесите кои ги постигнува Ливерпул. Минатата сезона „црвените“ ја освоија Лигата на шампионите, а оваа сезона се на добар пат по 30 години да ја врата шампионската титула на „Енфилд“.

Во Ливерпул се свесни за интересот кои го имаат богатите тимови поради што решиле на Ван Дајк да му понудат нов договор.

Новиот договор ќе му гарантира неделна плата од 250.000 фунти со што Ван Дајк би станал играч со најголема плата во Ливерпул.

Scroll to Top