Top Sport

Талентот Белингем ги одбил Јунајтед за да оди во Дортмунд!

Еден од најталентираните англиски млади фудбалери, 16-годишниот Џуд Белингем планира да потпише за Борусија Дортмунд и покрај тоа што Манчестер јунајтед го искористија дури и Сер Алекс Фергусон да го убедат тинејџерот да пристигне од Бирмингем сити.

Белингем оваа година доби посебна турнеја на тренинг-центарот на Јунајтед во Керингтон придружуван од легендарниот Сер Алекс Фергусон и „ѓаволите“ биле подготвени да платат 30 милиони фунти за неговите услуги.

Меѓутоа, сега според „Спорт билд“, Билингем и неговото семејство решиле дека подобра опција за него ќе биде Борусија Дортмунд, бундеслигашот кој се покажа како совршено место за „брусење“ на талентирани млади фудбалери, како Џејдон Санчо и Ерлинг Халанд.

Белингем во моментов заработува само 145 фунти неделно во Бирмингем, но може да потпише професионален договор на својот 17. роденден на 29 јуни. Во Дортмунд тој би заработувал околу 60.000 фунти неделно.

Тинејџерот Белингем се криеше дека преговара со Јунајтед

„Милионерите“ ќе рушат рекорд, 35 милиони евра за 16-годишен фудбалер

Scroll to Top