20.коло во Бундеслигата го обележа неверојатниот пресврт на минхенски Баерн против Хофенхајм и голот на Толјан во 93.минута со кој Борусија Дортмунд избегна пораз од Фрајбург.
Хофенхајм го шокира Минхен за 12 минути и со головите на Уто и Гнабри поведе со 2:0. Но во наредните 13 минути Баерн израмни преку Левандовски и Боатенг. Во вториот дел Коман, Видал и Сандро Вагнер му ја обезбедија 16.првенствена победа на лидерот.
Борусија водеше по девет минути со голот на Кагава против Фрајбург, потоа Петерсен со два гола направи пресврт, а бод за „милионерите“ спаси Толјан во 93.минута.
Шалке со головите на Налдо и Харит победи 2:0 во Штутгарт, а две средби заврши со резултат 1:1 Келн-Аугзбург и Лајпциг-Хамбург.