Top Sport

Нова криза во Рома, заминува спортскиот директор Петраки

Италијанските медиуми тврдат дека проблемите на Рома дојдоа до ново ниво, по караницата меѓу претседтелот на клубот Џејмс Палота и спортскиот директор Џанлука Петраки, по која Петраки најверојатно ќе замине од клубот по помалку од една година.

Причината е помалку детска – Палота имал интервју во кое се заблагодарил на сите во клубот освен Петраки, по што следувала дискусија околу трансфер политиката на клубот кој е во финансиски проблеми, по што Петраки најверојатно заминува.

Рома требаше да биде продадена на Американецот Ден Фридкин, но поради корона вирусот, проценката за вредноста на клубот беше толку ниска, што Палота решил да не го продава тимот и покрај огромните долгови. „Волчицата“ сигурно ќе мора да продаде дел од своите фудбалери за да може да опстане.

Scroll to Top