Top Sport

УФЦ: Три нокаути во првата минута! (видео)

Саботниот УФЦ фајт најт на ЕСПН постави рекорд со тоа што првите три меча завршија со нокаут во првата минута, по што Синтија Калвилјо ја декласираше Џесика Ај за да се постави како фаворит за титулата во мува категорија.

Октагонот во „Ејпекс“ центарот во Лас Вегас е помал од другите УФЦ арени (7.5 метри  во однос на 9 метри), што очигледно имаше влијание на стартните три меча. Тајсон Нам беше најимпресивен со победа од 32 секунди над Зарук Адашев, а во првата рунда мечевите ги завршија и Кристијан Агилера против Ентони Ајви и Џулија Авила против Џина Мазани.

Дуелот на вечерта, сепак, беше дуелот меѓу Калвилјо и Ај, кој Американката го доби на поени со 49:46, 49:46, 48:47, добивајќи четири од петте рунди во своето деби во мува категорија, откако поголем дел од кариерата помина во сламка категорија. Со триумфот Калвилјо се израмни по бројот на победи во УФЦ со Аманда Нунеш, Валентина Шевченко, Кејтли Чукагијан и Енџела Хил.

Scroll to Top