Јувентус победи во Верона кај Киево 2:0 во 22.коло во Серија А. „Старата дама“ до победата стигна со двајца играчи повеќе на теренот.
Киево на „Бентегоди“ мсо играч помалку остана во 37.минута откако Басјен во рок од 120 секунди доби два жолти картони. „Летечките магариња“ остана без уште еден фудбалер во 62.минута кога црвен картон доби Фабио Кочатореч.
Пет минути подоцна Сами Кедира го постигна првиот гол на натпреварот, а победата на јувнетус ја потврди Гонзало Игуаин во 88.минута.
Јувентус со оваа победа барем на 24 часа се искачи на челната позиција на табелата со 56 бода, два повеќе од Наполи.