Top Sport

Како започна ривалството Хабиб-Конор (видео)

Ривалството помеѓу УФЦ шампионот во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов и ирската ѕвезда Конор Мекгрегор ги одбележа последните две години во ММА, меѓутоа видео од нивната средба во 2016 година, покажа кога „мешаницата“ навистина за почнала.

Нурмагомедов го победи Мекгрегор на УФЦ 229 во октомври 2018 година, по што следуваше хаотична тепачка во арената во Лас Вегас за која двајцата добија суспензии.

Првата лична средба беше пак на УФЦ 205 во ноември 2016, кога обезбедувањето на „Медисон сквер гарден“ во Њујорк мораше да ги разделува двајцата фајтери. Ирецот прв ја започна караницата, пред Нурмагомедов да му одговори.

Можен ри-меч на двајцата фајтери е речиси невозможен откако Мекгрегор објави дека се повлекува од рингот, иако веќе двапати се предомисли од слична одлука.

Scroll to Top