Top Sport

Колимор: Овој Ливерпул нема да биде запаметен како „голем“

Поранешниот напаѓач на Ливерпул, Стен Колимор смета дека сегашниот состав на Ливерпул нема да биде запаметен како „голем“ бидејќи нема доволно голема конкуренција.

На „Црвените“ им се потребни само шест поени за да ја освојат првата лигашка титула по 30 години, бидејќи загубија само четири поени во 29 меча од Премиер лигата и иако нема да завршат без пораз, може да го срушат рекордот по бројот на поени.

Но, Колимор вели дека иако се работи за добар тим, тој немал вистински предизвик.

„Ливерпул се фин тим и заслужено ќе ја освојат титулата во следните два натпревари. Иако ќе го прославам успехот на мојот поранешен клуб, исто така ќе жалам за доминацијата бидејќи таа е бидејќи другите тимови беа навистина лоши. Доминацијата не покажува дека овој тим е еден од најдобрите во историјата, туку дека има малку тимови кои можат да се пофалат со добар состав. Ливерпул се исклучителни, но дали ќе бидат запаметени како еден од најдобрите англиск клубови? Не верувам“, вели Колимор.

Scroll to Top