Голден Стејт го победи Бостон Селтикс 109:105 во дуелот на конференциските лидери во НБА лигата.
Селтикс беа тимот кој ја диктираше играта во првото поувреме. Предводени од Кајри Ирвинг тие неколку пати во првиот дел имаа двоцифрена предност.
Во вториот дел во ритам влезе најдобриот кај Голден Стејт и актуелните шампиони во финишот на третиот период дојдоа до предност 78:68.
Кари во третата четвртина постигна 18 поени, а вкупно во второто полувреме уфрли 33 коша.
Бостон успеа да се врат во натпреварот, на три и пол минути до крајот Селтикс имаа предност 94:95.
Натпреварот влезе во пенал завршница, каде Кари беше непогрешлив од линијата за слободни фрлања.
Кари мечот го заврши со рекордни сезонава 49 поени, а го следеше Кевин Дурент со 20 поени и 9 скока. На спортивната страна Ирвинг застана на 37 поени, 20 постигна Џејлен Браун, а 15 Ал Хорфорд.
Интересен натпревар одиграа Денвер и Далас 91:89. Мечот го обележа Србинот Никола Јокиќ со вториот трипл-дабл во сезоната (11 поени, 16 скока, 11 асистенции).
Резултати:
Детроит-Оклахома 108:121
Индијана-Орландо 114:112
Атланта-Вашингтон 104:129
Минесота-Бруклин 111:97