Top Sport

Џорџ во тимот на Леброн на Ол стар викендот

Крилото на Оклахома Сити Тандер, Пол Џорџ, ќе го замени повредениот Демаркус Казинс во стартната постава на „Тимот на Леброн“ на Ол стар натпреварот на 18 февруари во Лос Анџелес.

Казинс ја скина Ахиловата тетива во саботата, во самиот финиш на натпреварот со Хјустон и според лекарите го очекува пауза помеѓу осум и 10 месеци.

Пол Џорџ кој летово од Индијана се пресели во Оклахома, има просек од 20,9 поени, 5,5 скока и 3 асистенции по натпревар.

„Секако дека сакав да играм на Ол стар мечот но во некои поинакви околности, а не поради нечија повреда. Во ист време сум и среќен што петти пат ќе игра на дуелот на „Сите ѕвезди“ и што ќе бидам во истиот тим со соигачот од Оклахома Расел Вестбрук“, рекол Џорџ.

Покрај Леброн Џејмс и Пол Џорџ во стартната петорка на „Тимот на Леброн“ ќе бидат уште Кајри Ирвинг, Кевин Дурент и Ентони Дејвис.

Scroll to Top