Најтрофејниот НБА тренер Фил Џексон ги споредил Мајкл Џордан и Коби Брајант. Со Чикаго Булс во ерата на Џордан, Џексон освои шест титули, а со ЛА Лејкерс во ерата на Брајант шет титули.
Џексон во кариерата покажа дека е подготвен да се прилагоди на секој играч и во секакво опкружување. Имал можност да тренира многу врвни играчи меѓу кои се издвојуваат Ем-Џеј и Коби.
„Кога е во прашање водењето на тимот, беа многу различни. Џордан некогаш ги мотивираше своите соиграчи, некогаш беше груб, а некогаш ги навредуваше. Брајант беше поинаков, никогаш не викаше, секогаш беше пример за посветеност кон тимот, секогаш напорно работеше“, рекол Џексон.