Поради ситуацијата со коронавирусот УЕФА има проблем да ги организира своите натпреварувања. Квалификациите за Лигата на шампионите и Лига Европа ќе започнат пред да биде завршена сезоната во овие две натпреварувања. Поради тоа УЕФА планира да направи измени во квалификациите.
Германските и англиските медиуми објавија дека планот на УЕФА е во првите три квалификациски рунди да се игра само по еден натпревар, а по системот дома-гости да се игра само во последната, четврта рунда.
УЕФА конечната одлука треба да ја донесе на состанокот на Извршниот одбор на 17 јуни.