Top Sport

Црвена звезда шутира најмногу пенали во Европа

Фудбалерите на Црвена звезда во последните три сезони шутирале најмногу пенали во Европа покажува анализата на Меѓународниот фудбалски институт (ЦИЕС). Институтот анализирал 35 првенства во Европа. Во анализата на ЦИЕС ги нема Првата и Втората македонска фудбалска лига.

На 102 натпревар во изминатите три сезони за Црвена звезда биле досудени 44 пенали, односно фудбалерите на српскиот шампион добиваат пенал на секои 209 минути.

Зад црвено-белите се Маренхајм од Финска (262 минути/22 пенали), Панатинаикос (264 минути/29 пенали), Славија Прага (270 минути/31 пенал), Олимпија Љубљана (276 минути/32 пенали).

На шестото и десеттото место место се наоѓаат уште два тима од Србија, Раднички од Ниш и Партизан. Раднички во Србија добива пенал на секои 284 минути, а Партизан на секои 296 минути.

Од Топ 5 првенства во Европа најчесто пенали добиваат играчите на Лацио. На 102 натпревари Лацио добил 31 пенал, односно за овој клуб се суди најстрога казна на секои 296 минути.

Според ЦИЕС, во последните три сезони најчесто пенали се судат во Полска. Судиите во Полска на белата точка покажуваат на 231 минути.

Scroll to Top