Top Sport

Де Лаурентис: Кулибали и Руиз вредат по 100 милиони евра

Фудбалскиот клуб Наполи во своите редови има двајца играчи за чии услуги се интерес покажуваат голем број на врвни клубови. Калиду Кулибали најчесто се поврзува со Манчестер Јунајтед и ПСЖ, додека за Фабијан Руиз се интересираат шпанските великани Барселона и Реал Мадрид.

Проблем за заинтересираните е што за услугите на овие двајца треба да преговараат со Аурелио Де Лаурентис. Кулибали и Руиз се на продажба но Де Лаурентис нема намера да на намали цената.

„Фабијан има договор и во наредните три сезони, а Кулибали во наредните две. Знаеме дека многу клубови се заинтересирани за нив. Двајцата вредат по 100 милиони евра. На ниту еден клуб нема да му правиме проблем доколку ја плати сумата. Им порачувам на сите оние кои нудат по 60-70 милиони евра дека нивните понуди воопшто нема да ги разгледуваме“, рекол Де Лаурентис.

Scroll to Top