Откако постигна гол при 3:1 победата на Реал Мадрид над Еибар во неделата, Марсело застана на едно колено и ја крена тупаницата во солидарност со движењето „Black Lives Matter“, велејќи дека сите треба да го користат своето влијание за промени.
Овој гест беше преземен од движењето од поранешниот квотербек на Сан Франциско 49ерс, Колин Кеперник во 2016 година кога протестираше за расната неправедност и полициско насилство во САД. Марсело на Инстаграм ја дообјасни пораката и го искористи текстот на песната на раперот Тупак, „Промени“.
„Среќен сум што се вратив со Реал Мадрид! Среќен сум што постигнав гол! Но уште посреќен сум што ги гледам промените во светот! Сега е нашето време. Мораме да ја искористиме нашата моќ да направиме вистински промени“, вели Марсело.