Ирвинг Лозано си ја запечати судбината во Наполи. Мексиканецот за кого Карло Анчелоти на ПСВ Ајндховен 40 милиони евра, кај Џенаро Гатузо речиси и да не игра. Работите помеѓу тренерот и фудбалерот дополнително се влошиле откако Гатузо го исфрлил Лозано од последниот тренинг пред финалниот меч во Купот на Италија.
Џенаро Гатузо утре вечер ќе се бори за првиот трофеј во тренерската кариера. Наполи во финалето на Копа Италија ќе игра против Јувентус.
Според италијанските медиуми на последниот тренинг Мексиканецот се однесувал неодговорно, бил премногу опуштен, поради што го отстранил од тренингот.
За медиумите ова е јасен сигнал дека Лозано ќе биде ставен на трансфер листата.
Како можна негова следна дестинација се споменува Евертон, каде сега тренер е токму Анчелоти.
Лозано за Наполи има одиграно 25 натпревари, постигнал три гола и забележал две асистенции.