Тајсон Фјури вели дека ќе бил „распнат како Исус Христос“ доколку тој дал „срање“ изјава како неговиот британски ривал Ентони Џошуа на неодамнешниот протест на „Black Lives Matter“
Џошуа предизвика контроверзи откако на протестот во јуни изјави дека присутните треба да ги бојкотираат продавниците кои се во сопственост на белци.
„Возддржете се од трошењето на пари во нивните продавници и економии и инвестирајте во бизниси кои се во сопственост на црнци. Покажете им каде боли“, изјави тогаш шампионот во тешка категорија.
Сега, Фјури, кој се договори за два меча со Џошуа следната година, реши да коментира.
„Го видов видеото, не сум од тие луѓе кои коментираат без докази. Не сум овца, не ја следам публиката. Секогаш сум волк самотник. Секој го прави тоа што мора да го прави и сигурен сум дека Еј Џеј имаше причини да го каже тоа што го кажа и не е моја работа. Но, потоа не се извини нели? Рече ако не ви се допаѓа, одете е.ете се, така? Да кажев јас: ’Не купувајте во продавници на црнци или Азијци, што ќе се случи? Ќе ме распнеа како Исус Христос! Но, јас не сум таков човек. Страдам од расизам цел живот, бидејќи имам потекло од Травелерите, ромско потекло. Расизмот кон нас е одобрен“, вели Фјури.