Шампионката од Вимблдон, Симона Халеп ќе биде првото големо тениско име кое официјално ќе се повлече од САД опен поради загриженоста околу безбедносните мерки на гренд слем турнирот, јавува романскиот „Евроспорт“.
Според овие извори, поранешната светска тенисерка број 1, решила да ја заврши сезоната 2020 со само европски турнири, вклучувајќи го и Ролан Гарос, кој ќе се оддржи неколку недели по гренд слемот во Њујорк и нема да патува на азиската турнеја.
Неодамна, Халеп изрази голема загриженост околу мерките кои се најавени за САД опен, како ограничување на бројот на членови на нејзиниот тим.
„Имам многу проблеми со тие мерки. Не само поради тоа што сме сред пандемија, туку бидејќи постои опасност од патувањето и потенцијалниот карантин“, изјави тогаш Халеп.
Се стравува дека Халеп е само една од повеќето големи тениски имиња кои нема да бидат на Флешинг Медоуз. Новак Ѓоковиќ призна дека ограничувањата ќе бидат проблем, а Рафа Надал изјави дека во вакви услови е тешко да се патува на турнир. Денеска пак, Ник Кирјос изјави дека се работи за себична одлука за оддржување на турнирот поради тоа што само Американците сакаат да организираат „таков“ турнир.
Confirmed! Halep is not playing Us Open & Asia tournaments. She will play only in Europe https://t.co/jnpUo0barK
— Elena (@elenaclaudia22) June 16, 2020