Германскиот второлигаш Санкт Паули, познат по своите левичарски навивачи, во неделата уште еднаш го покажа својот стил, откако 30 илјади фанови на стадионот „Милернтор“ оддадоа почит на жртвите од холокаустот.
Пред мечот со Дармштад (кој го загубија со 0:1), навивачите одржаа минута почит за милионите жртви на нацистичкиот режим, а беше поставен и голем транспарент со написот “Kein vergeben, kein vergessen” (никогаш не простувајте, никогаш не заборавајте).
#niewieder! #weremember #HolocaustMemorialDay #fcspsv98 pic.twitter.com/Eky7ncGS6S
— FC St. Pauli (@fcstpauli) January 28, 2018
На големиот семафор на стадионот се појави 93-годишната Естер Бехарано, преживеана од концентрациониот камп Аушвиц, која зборуваше за одржувањето на сеќавањата.
Во саботата, фановите на Санкт Паули поставија венци пред стадионот во знак на сеќавања на навивачите на клубот кои беа прогонувани од нацистичкиот режим бидејќи биле комунисти или хомосексуалци.
“Mein Name ist Esther #Bejarano. Ich habe Auschwitz überlebt. Es ist wichtig, dass wir gegen den Rechtsruck auf die Straße gehen.” #WeRemember #Niewieder #HolocaustMemorialDay #fcspsv98 #fcsp pic.twitter.com/85fi3CMldP
— FC St. Pauli (@fcstpauli) January 28, 2018