Top Sport

Атлетико во финишот ги „скрши“ Лас Палмас (видео)

Атлетико Мадрид се доближи на осум поени од лидерите во Ла лига, Барселона (кои сепак, имаат натпревар помалку), откако во финишот на натпреварот успеаја да го скршат отпорот на Лас Палмас.

Тимот од Канарските Острови, кој е на претпоследното место на табелата, даваше отпор до 61. минута, кога Антоан Гризман по еден брз контра-напад постигна гол за водство на „Ванда Метрополитано“. Само 12. минут подоцна, ветеранот Фернандо Торес зголеми на 2:0, за во 88. минута Томас да го постави конечниот резултат.

Scroll to Top