Професионалните тениски турнеи АТП и ВТА, конечно, се враќаат од 14 август, потврдија во заедничко соопштение за првите професионални турнири од март по прекинот поради корона вирусот.
АТП продолжува од 14 август со Сити опен, АТП 500 турнир во Вашингтон, по што следува Мастерсот во Синсинати, кој ќе се оддржува на Флешинг Медоуз, пред САД опен од 31 август до 13 септември.
По Њујорк, следуваат Мастерс турнирите во Мадрид и Рим на земјена подлога, по што следува Ролан Гарос во Париз, во необична есенска атмосфера. Засега не се планирани турнирите во Азија, ниту есенските турнири во Европа, како и АТП финалето во Лондон, и се очекува да се донесе одлука во средината на јули.