Top Sport

Хок-ај се извини за катастрофалната грешка

Неверојатна сцена н а натпреварот Астон Вила-Шефилд Јунајтед го обележа враќањето на Премиерлигата по паузата од три месеци. Технологијата, а со само тоа ниту судиите не реагираа и не признаа очигледен гол за Шефилд Јунајтед.

По натпреварот технологијата ја призна својата грешка иако на никого не му е јасно како можеше да се случи ниту една камера да не го регистрира спорниот момент.

„Судиите не добија сигнал од ГДС-системот. На седумте камери на стадионот им беше оневозможено да ја видат ситуацијата од голманот, гредата и дирекот. Нешто вакво не се има случено во 9.000 ситуации во кои мораше да работи хок-ај“, пишува во соопштението.

„Целиот систем беше тестиран пред да започне натпреварот и се функционираше. Хок-ај сака да им се извини на Премиерлигата, на Шефилд Јунајтед и на сите оние кои се погодени од овој инцодент“.

https://twitter.com/FootyHolics/status/1273312493688049669

Scroll to Top