Јан Облак, голманот на Атлетико Мадрид, во победата над својот тим над Осасуна 5:0 постави неверојатен рекорд.
Атлетико синоќа гостуваше и убедливо победи во Памплона, кај Осасуна, а Облак во својот 182 натпревар во Ла Лига успеа стоти пат да го одбрани својот гол.
Статистички гледано Облак не примил гол на 55 отсто од одиграните натпревари во првенството на Шпанија, што е апсолутен рекорд во Ла Лига.
Облак во Атлетико пристигна во 2014 година од Бенфика за 16 милиони евра. Минатата година тој потпиша нов четири годишен договор со клубот од „Ванда Метрополитано“. Откупната клаузула за еден од најдобрите светски голмани изнесува 120 милиони евра.