Top Sport

Шалке урива негативни рекорди

Фудбалерите на Шалке ја продолжија црната низа и во 32 коло во Бундеслигата. Славниот германски клуб синоќа загуби во Франкфурт од Ајнтрахт со 2:1.

Шалке последен пат во Бундеслигата забележале победа во јануари, во 17 коло кога ја победија Борусија Менхенгладбах 2:0.

Од таа победа Шалке одиграа 14 натпревари и не победија ниту еднаш, шест пати одиграа нерешено, а осум дуели загубија.

Шалке со 35 поени се наоѓаат на десеттото место во Бундеслигата.

Scroll to Top