Маурицо Сари го впери прстот во напаѓачите, најмногу во Кристијано Роналдо, обидувајќи се да се оправда за поразот од Наполи во финалето на Купот. Наполи по изведувањето на пенали со 4:2 го совлада Јувентус на Олимпико во Рим.
Јувентус, слично како и минатиот петок против Милан, во полу-финалниот реванш, одигра лош натпревар. Во четири дена на два натпревари Јувентус не успа да постигне гол, последен пат тоа на најторофејниот италијански клуб му се случило во октомври 2015 година.
Сари ќе почека на својот прв трофеј во Италија, досега во кариерата освоил само еден пехар, со Челси во Лига Европа.
На сите им е јасно дека својата филозофија не успеа да ја имплементира во играта на Јувентус.
„Во моментов на теренот ни недостасува генијалност за да бидеме опасни и за да најдеме друг решенија кога не играме најдобро. Без генијалност тешко минуваме противнички играч, тешко победуваме. Досега ова го правевме со леснотија“, рекол Сари, а потоа одговорил и на новинарско прашање во каква форма е Крстијано Роналдо.
„Му недостига пробивноста и физичката подготвеност, не тоа оној играч кого сме навикнати да го гледаме, играч кој секогаш го прави најдоброто. Меѓутоа истиот проблем го имаат Дибала и Далгас Коста“.