Еден најдобрите ватерполисти на сите времиња Тибор Бенедек починал утринава, објави неговото семејство. 47 годишникот пред еден месец се повлече од тренерската позиција во УВСА, се претпоставуваше дека тоа го направил од приватни причини, меѓутоа вистинската причина била тешката болест.
Бенедек во кариерата ги освоил сите значајни клупски и репрезентативни трофеи во ватерполото. Беше предводник на златната генерација на Унгарија која на освои три златни медали во низа на Олимписките игри во 2000, 2004 и 2008 година.
По завршувањето на кариерата беше селектор на Унгарија со која стана светски првак во 2013 година.