Top Sport

Гарсија излезе од болница по страшниот судир со Едерсон (видео)

Дефанзивецот на Манчестер сити, Ерик Гарсија е пуштен од болница откако беше повреден во застрашувачкиот судир со сопствениот голман Едерсон при вчерашната 3:0 победа над Арсенал, потврди премиерлигашот.

19-годишниот Шпанец се судри со бразилскиот голман во финишот на мечот и добиваше медицинска помош неколку минути пред да биде однесен во „Манчестер ројал“ болницата.

„Гарсија е пуштен од болница и ќе ја надгледуваме неговата ситуација во следните денови пред враќањето на тренинзи. Сите во клубот му посакуваат брзо опоравување“, велат од Сити.

Успорената снимка од судирот покажува колку бил застрашувачки ударот.

Scroll to Top