Пред утрешното отварање на втората „станица“ од тениската „Адрија турнеја“ на Новак Ѓоковиќ, тениските ѕвезди имаа една партија баскет, во која најмногу се истакнал Германецот Александер Зверев.
На теренот во халата „Крешимир Ќосиќ“ играа Ѓоковиќ, Зверев, Марин Чилиќ, Горан Иванишевиќ и Борна Чориќ покрај дел од кошаркарите на КК Задар.
„Во првото полувреме имавме 0 од 24 за два поени и 0 од 15 за тројки, така што тоа треба да се избрише. Во второто бевме подобри. МВП беше Зверев, кој дури и забиваше. Григор Димитров е најборбен, а Борна е најдобар асистент. Не беше лошо“, вели Ѓоковиќ.
Last week football, today basketball. @DjokerNole @GrigorDimitrov @AlexZverev @borna_coric @cilic_marin @AdriaTennisTour @kkzadar ?⚽ #NoleFam
?: novak.djokovic__fp pic.twitter.com/bwc4l8TNeH
— #AlwaysProudOfNovak (@Slavica_NoleFam) June 18, 2020
— Borna Coric fan (@Bornacoricfan) June 18, 2020