Анталијаспор на македонскиот интернационалец Адис Јаховиќ не успеа да направи подвиг и да се пласира во финалето на Купот на Турција, откако во вториот меч од полуфиналето на гости кај Аланијаспор доживеа катастрофален пораз од 4:0.
Аланија имаше предност од 1:0 од првиот меч пред паузата поради корона вирусот, и ја презеде контролата на мечот од стартот, кога во 15. минута 35-годишниот сенегалски ветеран Папис Сисе го постигна првиот од своите три гола на натпреварот. Чејхун Ѓулселам во 25. минута зголеми на 2:0, пред Сисе во 46. и 49. минута да ги острани сите дилеми.
Аланијаспор ќе игра со Трабзонспор за титулата од Турскиот куп, откако лидерите во Суперлигата претходно го елиминираа тимот на Галатасарај.