Top Sport

Сосиедад губи здив во борбата за ЛШ – 19-годишник со сомнителен гол за Алавес (видео)

Реал Сосиедад пропушти шанса да се врати на четвртото место во Ла лига, откако загуби на гостувањето кај баскискиот ривал Алавес со 2:0 во вториот меч за нив по рестартот на шпанската лига, откако претходно во дуелот со уште еден баскиски клуб одиграа само 1:1 со Осасуна.

Клучниот момент беше во 56. минута кога 19-годишниот Борха Саинс го постигна својот деби гол откако одбранбените играчи на Сосиедад направија лоша офсајд-стапица. По ова следуваше долга пауза додека со консултации со ВАР системот не беше утврдено дека голот е регуларен.

Мечот доби и погруба димензија во финишот, кога двата тима останаа со играч помалку. Мартин Агирегабирија во 96. минута само го потврди триумфот на Алавес.

Сосиедад останува на петтото место со 47 поени, исто колку што има и шестопласираниот Хетафе, но на четвртото место сега се Атлетико Мадрид со 49 поени. Алавес се искачија на 13. место со 35 поени.


Scroll to Top