Top Sport

Ѓоковиќ сениор за Федерер: Има 40 години и се уште игра, нека работи нешто друго, нека скија

Срѓан Ѓоковиќ, таткото на Новак Ѓоковиќ, во емисијата на телевизијата Спорт Клуб, говорел за кариерата на својот син. Во дел од интервјуто тој искрено проговорил и за ривалството што неговиот син го има со Роџер Федерер.

Ѓоковиќ сениор тврди дека Федерер се уште е активен бидејќи не може да прифати дека Новак и Надал во иднина ќе ги соборат неговите рекорди.

Тој смета дека Роџер Федерер веќе требало да биде во пензија. Му порачал на Швајцарецот да се заминава со некои други работи во животот.

„Федерер и понатаму е најдобриот и најуспешниот тенисер во светот. Според резултатите тоа е факт, но нема уште долго време да биде така. Поради тоа тој има толкав анимозитет кон Новак. Да, низ годините тие развија ривалство и меѓусебно почитување, но што мислите вие зошто тој и на 40 години се уште игра? Замислете човек на 40 годишна возраст се уште активно игра тенис, а може да се занимава со некои други поинтересни работи. Но бидејќи Новак и Рафа му „дишат во вратот“ тој едноставно не може да го прифати фактот дека тие ќе бидат подобри од него. Човеку оди гледај си ги децата, занимавај се со нешто друго, оди скијај, работи нешто. Животот не е во тенисот, тоа е само привремена работа за мојот син“, рекол Срѓан Ѓоковиќ.

Новак Ѓоковиќ во кариерата има освоено 17 гренд слем трофеи, три помалку од Федерер.

Scroll to Top