Top Sport

Годин: Не планирам да заминам

Фудбалерот на Интер Диего Годин за италијанските медиуми изјавил дека никогаш не помислил да го напушти клубот од „Џузепе Меаца“.

Годин минатото лето како слободен играч од Атлетико пристигна во Интер. Не успеа да ги повтори партиите од Ла Лига поради што медиумите започнаа со шпекулации дека тој ќе го напушти Интер.

„Ме изненадија таквите вести“, рекол 34 годишниот Уругваец.

„Откога дојдов во Интер се чувствувам одлично. Клубот ми верува, се чувствувам како дома. Никогаш не сум помислил да заминам. Чувствувам дека сум дел од овој проект, имам намера да освојувам титули со Интер“, заклучил Годин.

Диего Годин има договор со Интер до јуни 2022 година.

Scroll to Top