Фудбалскиот клуб Ростов од Русија денеска во 19 часот има закажано меч од 23 коло од тамошното првенство, против екипата на Сочи.
Сепак, целата прва постава на екипата и дел од стручниот штаб ќе бидат во самоизолација 14 дена откако беше потврдено дека шестмина фудбалери во клубот се позитивни на Ковид 19. „Ројтерс“ јавува дека вкупно 42-ца од клубот биле во близок контакт со заразените.
Доколку сепак се одигра закажаниот фудбалски натпревар, за очекување е гостинската екипа да настапи со играчи од младинскиот погон, фудбалери родени во 2003 година и подоцна.
Ростов моментно е чеврти на табелата и се бори за место во ЛШ за следната сезона, додека пак Сочи грчевито се бори за опстанок.