Top Sport

Мијатовиќ за трансферот на CR7 во Реал: Неговата желба беше пресудна!

Играчката легенда на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ раскажува како успеа, во неговиот мандат, да го донесе Кристијано Роналдо на „Сантијаго Бернабеу“ од редовите на Манчестер Јунајтед.

„Не беше едноставно да се предложи ваков трансфер. Почнавме да разговараме со неговите соработници и фала на Бог, работите излегоа добро. Сега не можам да ги откријам сите детали, но тоа беше сјајна работа. Многу тешка и комплицирана“ – рече Мијатовиќ.

Црногорецот смета дека решеноста на Роналдо да го напушти „Олд Трафорд“ била пресудна за трансферот да успее.

„Мислам дека неговата желба беше пресудна. Беше тоа најголемиот трансфер во тоа време (94 милиони евра). Немаше начин како трансферот да бие запрен“ – вели тој.

Мијатовиќ осврнувајќи се на тоа што се Португалецот постигна со „Кралскиот клуб“, вели дека ништо не го изненадило.

„Не бев изненаден, затоа што имаше неверојатна желба да биде играч на Реал Мадрид. Не постоеше друга опција освен да биде најдобар, ако не и најдобриот во историјата на клубот“ – смета екс-фудбалерот на Реал Мадрид.

Scroll to Top