Поранешниот Формула 1 пилот, Алесандро Занарди (53) е тешко повреден во сообраќајна несреќа во близината на Пиенце, во Тоскана.
Занарди кој пред 19 години тешко беше повреден во несреќа на автомобилистичка трка во Германија при што остана без двете нозе, сега повторно се бори за живот.
Овојпат се повреди за време на параолимписка трка со рачни велосипеди. Информациите се дека на него налетал камион и тој се наоѓа во тешка состојба.
Занарди во Ф1 настапуваше од 1991 до 1994 и во 1999 година, но без забележителни резултати.
По несреќата каде ги загуби нозете, освои две златни медали во паравелосипедизам во Лондон во 2012 година и во Рио во 2016 година.