Top Sport

Леганес во финишот и зема бод на Мајорка (видео)

Во дербито на тимовите кои грчевито се борат за опстанок во шпанската Ла Лига, предмалку Мајорка и Леганес ги поделија бодовите, одиграа 1-1.

Домаќините со голот на Севилја уште во 9-тата минута дојдоа во водство.

Сепак гостите ја презедоа иницијативата, упатија двојно повеќе удари кон противничкиот гол, а еден од нив заврши во домашната мрежа.

Се играше 87 минута кога Оскар погоди прекрасно од слободен удар за израмнување и бод за Леганес.

Во домашната екипа иако беше на клупата за резерви, сепак жанса за настап не доби македонскиот репрезентативец Александар Трајковски.

По денешното 30-то коло, Мајорка е трета од дното на табелата, со еден бод помалку од 17-пласираната Селта Виго која е надвор од зоната за испаѓање.

Леганес, пак, и понатаму е „фенерџија“ во Ла Лига, со 24 бода.

Во истиот термин се одигра и мечот меѓу Гранада и Вилјареал. Со еден гол, дело на Морено во 11 минута, „жолтата подморница“ ги освои трите бода и се израмни со бројот на бодови со шестопласираниот Реал Сосиедад и петтопласираниот Хетафе.

Scroll to Top