Top Sport

Лига 1 и наредната сезона ќе има 20 екипи

Француската фудбалска лига (Лига 1) ја потврди својата претходна одлука и наредната сезона во шампионатот да се натпреваруваат 20 клубови, иако има судска одлука да биде суспендирано испаѓањето на Амиен и Тулуз.

Лига 1 во своето соопштение објави дека од 23 клуба 20 гласале лигата да не биде проширена. Предлогот треба да биде усвоен на Генералното собрание кое ќе се одржи во вторник.

Највисокиот административен суд во Франција на 9 јуни ја поддржа одлуката на Лига 1 да ја прекине сезоната поради коронавирусот, но донесе одлучи да ја суспендира одлуката на Лига 1 Амиен и Тулуз да се преселат во Втората лига.

Судот побара од Лига 1 да ја испита можноста дали во Првата лига наредната сезона ќе можат да се натпреваруваат 22 екипи, бидејќи од Лига 2 во повисок ранг се пласираа Лориен и Ленс.

По консултациите со Фудбалскиот сојуз на Франција Лига 1 соопшти дека поради здравјето на фудбалерите и веќе договорените телевизиски права не е изводливо во сезоната 2020/2021 да играат 22 екипи.

Фрнцузите имаат потпишано богат финансиски договор со „Медиапро“ вреден 1,153 милијарди евра на годишно ниво.

Новата сезона во Франција треба да започне на 23 август.

Scroll to Top