Македонскиот репрезентативец Енис Барди постигна еден од трите гола со кои Леванте славше победа над Еспањол во Барселона 3:1.
Барди го совлада Диего Лопез во 67 минута, откако со ролинг се осолоби од тројца играчи, а потоа со прецизен удар од работа на шеснаесетникот ја затресе мрежата. Голот на Барди им донесе предност 2:1 на фудбалерите на Леванте.
Победата на гостите од Валенсија во 87 минута со авто-гол ја потврди Педроса.
Претходно Леванте водеа со голот на Борха Мајорал во 14 минута, а на 1:1 израмни Давид Лопез во 28 минута.
Леванте по 30 кола има 38 поени и се наоѓа на безбедната 11 позиција, додека Еспањол се последни со 24 бода.