Фудбалерите на Вувлерхемптон не се откажуваат од трката за пласман во Лигата на шампионите. Вулфс во 30 коло како гости го совладаа Вест Хем со 2:0. Со 46 поени Вулфс се израмнија на петтото место со Манчестер Јунајтед имаат натпревар повеќе и два поени помалку од четврто пласираниот Челси.
Натпреварот без многу шанси Вулверхемптон го решија во последните 20 минути кога на теренот влезе Адама Траоре.
Траоре најпрвин му асистираше на Раул Хименез во 73 минута за првиот гол, а потоа во 84 минута ја започна акцијата по која Педро Нето со прекрасен волеј-удар го постави конечниот резултат.
Вест Хем до крајот на сезоната ќе водат голема борба за опстанок во лигата. „Чеканите“ се на 17 позиција со 27 поени, ист број на поени и натпревар помалку има Борнмут кој на позиција подолу.