По паузата од 103 дена со натпреварот помеѓу Торино и парма продолжија натпреварите во Серија А. На Олимпискиот стадион Торино и Парма одиграа без победник 1:1.
Двата гола беа постигнати во првото полувреме. Торино стигна до водство со голот на Николас Енкулу во 15 минута.
Парма исрамни во 31 минута, акцијата ја започна Кулушевски, ударот на Жервињо бепе изблокиран, но потоа Куцка ја смести во голот.
Торнио во 58 минута доби пенал, меѓутоа ударот на Белоти го одбрани голманот на Парма Сепе.
Парма е на осмото место со 36 поени, а Торино се 15 со осум поени помалку.