Во Неапол очигледно уште не се „растрезнети“ од славењето на освојувањето на титулата од Копа Италија, откако еден продавач на сладолед реши да направи вкус на ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо, потсмевајќи се со поразот на „бјанконерите“.
Во пораката над сладоледот вели дека тој е достапен само во корнет, поради „недостаток на чаши“, а во италијанскиот јазик, „coppe“ значи и чаша и куп!