Беневенто, клубот на чија клупа е Филипо Инзаги по повеќе од 100 дена го продолжи „походот“ кон Серија А, откако благодарение на Роберто Инсиње, помладиот брат на капитенот на Наполи, Лоренцо, стигнаа до 1:0 победа на гостувањето кај Кремонезе.
Со овој триумф, Беневенто, клубот од градот на 30 километри од Неапол, го сруши рекордот на Торино од 2000/01 со десет гостински победи во една сезона во втората лига во Италија и во исто време направија уште еден чекор кон враќање во елитата, бидејќи имаат 72 поени, дури 22 повеќе од второпласираниот тим на Кротоне.