Британскиот Супербајк возач, Бен Годфри загинал по тежок инцидент на британската патека Донингтон парк, каде што 25-годишниот возач учествувал на „Но лимитс“ настанот.
„Во текот на втората групна сесија, Бен Годфри се судри со друг мотоцикл на влезот на кривината Редгејт и падна од својата машина. Трагично, тој доживеа сериозни повреди и покрај медицинската помош која ја доби покрај патеката, кратко подоцна подлегна на повредите“, се вели во соопштението на организаторите.
Годфри претходно учествуваше на трката 24 Часа Ле Ман минатата година, а настапуваше и во Суперсток и Ендуранс класите во Британскиот супербајк шампионат.