Top Sport

Лукаку и Лаутаро ги „кренаа“ Интер над Сампдорија (видео)

Интер се врати на победите во Серија А, откако по елиминацијата од полуфиналето на Копа Италија, со 2:1 ги совладаа Сампдорија на „Сан Сиро“ со двата фантастични гола на Ромелу Лукаку и Лаутаро Мартинез.

„Нераѕурите“ започнаа фуриозно и Кристијан Ериксен ја смести топката во мрежат на гостите по само 90 секунди игра, но голот беше поништен откако Антонио Кандрева беше во офсајд при акцијата. Сепак, во 10. минута со одлична тимска акција на Лаутаро, Ериксен и Ромелу Лукаку, Белгиецот постигна гол и прослави со клекнување на едно колено.

Вториот гол исто така беше фантастичен. Лукаку имаше одлично пробивање, го најде Кандрева, кој пак додаде до Лаутаро кој постигна гол по шест конкурентни мечеви. Во второто полувреме, Сампдорија го направи мечот интересен, откако Мортен Торсби намали на 2:1 во 53. минута, но тимот на Клаудио Раниери не успеа да направи целосен пресврт.

Интер останува трет со 57 поени, пет помалку од второпласираниот Лацио и шест зад лидерот Јувентус, додека Самп е само 16. со 26 поени, само еден поен над зоната за испаѓање.

Scroll to Top