Кошаркарот на Црвена звезда Огњен Кузмиќ е обвинет за предизвикување сообраќајна несреќа, во која минатото лето беа повредени три лица. Според законите на Република Српска поранешниот репрезентативец на Србија се соочува со осум годишна затворска казна.
Сообраќајната несреќа се случи на 14 јули 2019 година на магистралниот пат Бања Лука-Приједор. Кузмиќ возел 125 километри на час, односно 65 километри на час над дозволената брзина, кога удрил во возило „БМВ“.
Три лица беа повредени, а Кузмиќ со сериозни повреди на главата и градите со хеликоптер беше префрлен во болница во Белград.
Според информациите од Бања Лука во моментот кога ја предизвикал сообраќајната несреќа Кузмиќ бил под дејство на алкохол.
Медиумите во Република Српска пишуваат дека е невозможно Кузмиќ да избегне затворска казна.
Fotografije sa mjesta nesreće u kojoj je Kuzmić teško povrijeđen pic.twitter.com/FXqwatThsh
— Римодеч Рањшуш (@doce1996) July 14, 2019