На денешен ден во 1986 година е постигнат најпознатиот гол во историјата на фудбалот. На Светското првенство во Мексико, во четврт-финалето помеѓу Аргентина и Англија Диего Армандо Марадона имаше свое шоу.
Еден од најдобрите во фудбалската историја ги постигна двата гола за Аргентина во победата 2:1.
При постигнувањето на првиот гол никој не забележа дека Марадона топката ја удри со раката, а не со главата. Подоцна тој самиот овој гол го нарече „Божја рака“.
Вториот гол е вистинско ремек дело, пред да го совлада Питер Шилтон Марадона ја издрибла „пола“ Англија.
Аргетина предводена од Марадона во 1986 година ја освои светската круна.