Top Sport

Ла Република: Барса и Јуве се договориле за Артур и Пјаниќ

Барселона и Јувентус ја договориле размената Артур Мело за Миралем Пјаниќ, тврди „ла Република“. Според овој извор договорот ќе биде реализиран до крјаот на месецот.

Барселона не го крие интересот на Пјаниќ, а и самиот фудбалер порачал дека би го напуштил Јувентус само доколку е можно да се пресели на „Ноу Камп“.

Во Јувентус прифатиле трампа но само доколку во нема Барселона го вклучи Артур Мело. Токму Бразилецот досега ја кочеше размената. Артур најпрвин пораче дека и по цена да биде резерва не сака да замине од Барселона.

Како што пишува „Л а Репубика“ тој во меѓувреме го сменил мислењето и се согласи да се пресели во редовите на „старата дама“ од Торино.

Покрај размената Пјаниќ-Артур клубовите договорале уште една размена. Матија Де Шиљо и уште 25 милиони евра на Јувентус ќе им биде доволно да го донесат во Торино Португалецот Нелсон Семедо.

Scroll to Top