Top Sport

Зверев: Длабоко се извинувам на сите што ги загрозив играјќи на турнирот

Германскиот тенисер Александар Зверев објави дека е негативен на тестот за коронавирус.

Тој, заедно со уште 21 лице, бил тестиран во задарскиот Институтот за јавно здравје, а со тенисерот била и неговата девојка Бренда Патеа.

„Само што ја добив веста дека мојот тим и јас сме негативни на Ковид-19. Длабоко се извинувам на секој што потенцијално сум го загрозил играјќи на турнирот. Ќе продолжам да ги следам препораките за самоизолација што ги добив од лекарот. Како дополнителна мерка на претпазливост, мојот тим и јас ќе продолжиме со редовно тестирање. Им посакувам брзо закрепнување на сите кои се позитивни на вирусот“, напиша Зверев.

Откако Димитров објави дека е заразен, организаторот го откажа финалето меѓу Новак Ѓоковиќ и Андреј Рублев.

Scroll to Top